Нашето училиште деновиве стана уште поубаво и поудобно благодарение на несебичната донација од општествено одговорната компанија **КИСТ Мебел**.

Со голема благодарност и искрена почит ја примивме нивната донација – современ, функционален и удобен мебел за просториите во продолжениот …

Денес ни беше посебен ден – со широка насмевка и радост ги пречекавме дечињата од детската градинка „Рахилка Гонева“ – нашите идни првачиња!

Учениците и наставниците од ООУ „Гоце Делчев“ им подготвија топло добредојде, а најмалите со љубопитност ги разгледаа училниците и училишниот …

Во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ се одржа работилницата „Безбедни и без дрога“, наменета за наставници, со фокус на превенцијата од употреба на дрога кај младите.

Наставниците имаа можност да се запознаат со современи и креативни методи на работа – escape room, квизови и сценарија за …

Горди сме што нашите ученици беа дел од Франкофонијата на Славјанскиот универзитет, настан украсен со присуството на францускиот амбасадор и претседателката Сиљановска. Учество зедоа ученици од нашата општина, како и од Скопје, Битола, Пехчево, Крива Паланка и Делчево. Vive la francophonie!

+3 All reactions: 62You, Mirjana Dineva and 60 others

На 1ви Април 2025 година, се одржа првиот круг од националниот натпревар Европски квиз за пари, на кој што се натпреваруваа над 1000 пријавени ученици од основните и средни училишта во нашата држава. Европски квиз за пари – проект на Европската банкарска федерација наменет за финансиска едукација на учениците од 13 до 15 години, што кај нас го организира Македонската банкарска асоцијација во соработка со Народната банка на Република Македонија и Комисијата за хартии од вредност. На овој квиз активно учество земаа и 6 тимови од нашето училиште.