Во нашето училиште се реализираше едукативно предавање во соработка со претставници од МВР, Црвениот крст и стручната служба на училиштето.



Предавањето опфати три значајни теми: меѓуврсничко насилство, трговија со луѓе и ментално здравје. Учениците се запознаа со начините за препознавање и спречување на насилството, важноста на личната безбедност и значењето на грижата за менталното здравје.
