Учениците од 1 до 5 одд. од ПОУ Гоце Делчев во село Горобинци по повод 8 Март -празник на жената, со своите вредни рачиња се потрудија да направат прекрасни изработки и честитки за своите мајки.Заедно со наставничките го украсија паното и ја прикажаа својата креативност. Секоја детска творба е израз на радост и внимание кон најважните жени во животот.