На ден 16.03.2026 година во ПОУ „Гоце Делчев“ – с. Горобинци се одржа едукативно предавање на темите „Меѓуврсничко насилство -основни појавни форми и облици и неговото влијание во животот на младата популација“ и „Превенција од зависности“ за учениците од 6-9 одд.

Преку презентации учениците имаа можност да се запознаат со различните форми на насилство и зависности, нивните последици, како и со начини за нивно препознавање и спречување. Целта на предавањето беше да се поттикне свеста кај учениците за значењето на меѓусебното почитување, одговорното однесување и донесувањето здрави животни избори.

Во реализацијата на предавањето учествуваа претставник од полицијата-Даниела Митевска(помошник командир за ЈРМ и превенција и психологот од стручната служба -Олгица Стојкова, кои преку разговор и примери им помогнаа на учениците подобро да ги разберат овие важни теми.

Со едукација и поддршка ги охрабруваме да носат правилни одлуки и да создаваат позитивна средина.

Среќни деца- безбедни и мирни училишта!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *