Денес во ООУ „Гоце Делчев“ – Свети Николе се одржа едукативна работилница во соработка со „Боренка“ – волонтерска акција за пошумување на опожарени подрачја во Северна Македонија. Целта е да се обноват шумите што изгореле во пожари и да се подигне свеста кај младите за заштита на природата.

На работилницата учествуваа ученици од 4-то и 5-то одделение, кои преку интерактивни активности и игри имаа можност да научат повеќе за значењето на шумите, заштитата на природата и спречувањето на шумските пожари.Учениците имаа за задача да:

– нацртаат свое дрво (виртуелно),

-да му дадат име,

-да го „засадат“ во виртуелна шума.

За секое виртуелно дрво, волонтерите на „Боренка“ садат вистинско дрво во природа на место каде што имало шумски пожар.

Работилницата беше реализирана од едукатори од иницијативата „Боренка“, која има за цел обновување на изгорени шуми, едукација на деца и млади за екологија,подигање свест за шумски пожари и климатски промени

🌱

Работилниците се спроведуваат со поддршка на проектот GEF6, Министерството за животна средина и просторно планирање, ЈП Национални Шуми и UN Environment Programme.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *