ДРЖАВЕН ПРВАК ВО ШАХ!

„Со знаење до врвот!“

Со голема гордост објавуваме дека нашето училиште ООУ „Гоце Делчев“ – Свети Николе има ДРЖАВЕН ПРВАК!

На Државното првенство во шах, организирано од Федерација на училишен спорт на Република Македонија, одржано на 19 март во Струмица, со учество на околу 230 ученици од основното и средното образование, нашите ученици повторно блеснаа со знаење, стратегија и спортски дух.

🥇 Во категорија девојчиња (6–9 одделение), ученичката Илијана Велева со максимален број поени го освои ПРВОТО МЕСТО и се закити со титулата ДРЖАВЕН ПРВАК! 👏

Во машка конкуренција:

♟️ Теодор Коцев (до 5 одделение) – 32 место

♟️ Војдан Петрушевски (до 9 одделение) – 35 место

Горди сме на нашите ученици кои достојно го претставија училиштето и покажаа дека трудот и знаењето водат до врвни резултати! 💙

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *