По повод Денот на екологијата, нашето училиште организираше еколошка акција за чистење и уредување на училишниот двор, околните улици по кои секојдневно се движат учениците, како и спортската сала и училниците.










Со оваа активност се поттикна еколошката свест кај учениците и се придонесе кон почиста, поуредна и поздрава средина за сите нас. ![]()
![]()
Во акцијата учествуваа ученици од различни одделенија, наставници и училишниот персонал, обединети со заедничка цел – нашето училиште и неговата околина да заблескаат во најубаво светло.
Ја покажавме нашата грижа за природата преку дела, а не само преку зборови!
Мал чекор за нас – голем чекор кон почиста иднина!
Заедно создадовме поубаво и почисто училиште!




