По повод одбележувањето на Светски ден на борба против туберкулозата – 24 март во нашето училиште беше реализирана едукативна презентација од страна на учениците од 9 одделение во соработка со училишниот психолог и наставничката по биологија посветена на подигање на свеста за борба против туберкулозата.

Учениците од 9 одделение имаа можност да се запознаат со причините за појава на болеста, начинот на пренесување, симптомите, како и мерките за превенција и заштита. Преку интерактивен пристап и дискусија, се истакна значењето на навремената дијагноза и правилното лекување.

Целта на оваа активност беше да се зголеми информираноста кај младите и да се поттикне одговорно однесување кон сопственото здравје и здравјето на заедницата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *