Во нашето училиште се одржа дисеминација на обуката за резултатите од Државното тестирање за V одделение.

Дисеминацијата беше реализирана од педагогот Зорица Ефремова и одделенскиот наставник Адријана Блажевска, а беше наменета за одделенските наставници, како и за предметните наставници по македонски јазик и математика.

Присутните имаа можност да се запознаат со клучните наоди од тестирањето, како и со препораките за унапредување на наставниот процес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *