Во ПОУ Гоце Делчев-с.Горобинци,се реализираше едукативно предавање за сообраќајната култура и безбедност, наменето за учениците од 1 до 5 одделение. Предавањето го одржаа стручни лица од полицијата-командир Наталија Радев и помошник командир Даниела Митевска,во соработка со наставникот по техничко образование. Томе Трајанов.Учениците имаа можност да научат важни правила за безбедно учество во сообраќајот – како пешаци, велосипедисти и патници. Преку интересна презентација и разговор, тие активно се вклучија, поставуваа прашања и покажаа голем интерес за темата.

Посебна радост донесе моментот кога, поттикнати од нивната голема желба еден ден да станат полицајци, дел од учениците се облекоа во полициска униформа – елек, држејќи во раце помагала при работата,што создаде вистинска атмосфера на воодушевување.

Со вакви активности продолжуваме да ја развиваме свеста кај учениците за важноста на безбедноста во сообраќајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *