Драги ученици, наставници, родители и почитувани гости,

Со голема чест и гордост синоќа ја одбележавме свечената академија по повод патрониот празник на нашето училиште „Гоце Делчев“. Вечер исполнета со емоции, почит и љубов кон знаењето, во која нашите ученици со своите настапи покажаа талент, труд и посветеност.

Искрена благодарност до сите ученици кои настапија и достојно го претставија нашето училиште, до наставниците и менторите кои вложија многу труд во подготовките, како и до сите кои помогнаа оваа вечер да биде организирана на високо ниво.

Голема благодарност и до нашите гости и пријатели на училиштето кои со своето присуство ја збогатија свеченоста и уште еднаш покажаа дека училиштето е вистински центар на заедницата.

Горди сме на успесите на нашите ученици и на сите наградени и пофалени ученици кои се наша инспирација и мотив да продолжиме уште посветено.

Нека ни е честит патрониот празник и нека живее духот и делото на нашиот патрон!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *