Општина Свети Николе, преку проектот CIVITMOVE во рамките на програмата IPA ADRION, организираше прекрасен настан посветен на одржливата урбана мобилност, велосипедизмот и создавањето поздрава и позелена иднина.



На настанот учествуваа над 250 млади велосипедисти, кои преку дружење, забава и едукативни активности испратија силна порака за важноста на велосипедизмот како здрав, безбеден и еколошки начин на движење.
Настанот понуди богата и забавна програма, предводена од DJ DAC и Кате Сонценце, едукативни активности за запознавање со основните правила на велосипедизмот, како и возбудлива велосипедска трка низ центарот на градот.
Посебна радост донесе доделувањето на 13 нови велосипеди на најсреќните учесници, кои од настанот си заминаа со насмевки и незаборавни спомени.
