Со многубројни активности ООУ „Гоце Делчев“ го прослави патрониот празник.Оваа година чествувањето на ликот и делото на нашиот патрон започна на 02 .05.2023 година со пригодна програма во ПОУ „Гоце Делчев“,с.Горобинци.На 03.05.2023 се реализираа спортските меѓуучилишни натпревари помеѓу училиштата во Општина Свети Николе и Општина Лозово а вечерта се одржа свечаната академија посветена на музиката и песната.04.05.2023 година се положи свежо цвеќе пред бистата на Гоце Делчев.
Во нашето училиште беа одржани две едукации на учениците од прво одделение од страна на волонтери од Црвен Крст Свети Николе, на тема “Екологија и селектирање отпад”, при проектот “Зелен волонтеризам”, инициран од Црвен Крст на Република Македонија
Мобилност Романија
The Erasmus Project Arc-en-ciel en vent Visiting the Alexandru Baiu Botanical Garden from Craiova(fourth largest in Romania summing up 6000 …
Со радост во срцата го прославуваме Велигден!
Велигденски креативни работилници на учениците од l- V oдд од ПУ ,,Гоце Делчев” во с. Горобинци
Денес, 24-ти април 2023 година (понеделник) во 10 часот во просториите на нашето училиште се одржа еТвининг обука реализирана од страна на Националната агенција за европски образовни програми со цел вработените од сите општински училишта да се запознаат со можностите на еТвининг платформата.
21 март 2023 г. со еколошка акција во OОУ „Гоце Делчев“ –Свети Николе беше одбележан Денот на пролетта и Денот на екологијата. Учениците ги чистеа дворовите на училиштата, а ги средуваа и внатрешните простории, засадија нови цвеќиња и ги прихранија веќе постоечките, учествуваа во изработка на пано со еко пораки и еко пароли кои беа прикачени во дворот на училиштето и сето ова со една единствена мисла:подигната еколошката свест до чисто,убаво и зелено училиште!!!
Во нашето училиште се одбележа светскиот ден на водите.Овој ден на водата се одбележува секоја година низ целиот свет на 22 март со цел да се потенцира важноста на водата и да се подигне свеста за кризата со вода со која се соочува светот.Вреднувајте ја водата!!!
Нашето училиште беше домаќин на серијалот дисеминации за обуката на тема: ,,Искуствено учење за животна средина и климатски промени за наставниците по природни науки”.
Проектот е организиран од РЕЦ, УНИЦЕФ со подршка од БРО а финансиран од Шведска влада. Десиминациите е наменета за наставниците …
