Со кратка свечена програма се потсетивме на неговото дело, идеали и визија за просветена и слободна татковина – вредности што и денес ги негуваме во нашето училиште.

Воедно го одбележавме и 5 Мај – Денот на македонската азбука и македонскиот јазик, востановен во чест на кодификацијата на македонскиот литературен јазик и делото на големиот македонски лингвист Блаже Конески.
По тој повод, пред бистата на нашиот патрон цвеќе положија делегации од Општина, градоначалникот, пратеник, советници, претставници на политички партии, институции, невладини организации, како и ученици, наставници и делегација од нашето училиште.
Со почит кон минатото и со верба во иднината, продолжуваме да ги негуваме вредностите што ни ги оставија нашите великани.








