Денес во ООУ „Гоце Делчев“ – Свети Николе се одржа Саем за наука во рамки на проектот „Науката и јас“, каде учениците преку експерименти, идеи и креативни штандови ја покажаа силата на знаењето.













Настанот е во организација на Macedonia2025, а спонзориран од Johnson Matthey, со поддршка на Leona и бројни партнери од образованието и бизнис секторот.
Во настанот учествуваа ученици од повеќе училишта од државата, кои со својата енергија и креативност го направија саемот вистинско научно доживување.
Голема благодарност до сите ученици, наставници и партнери за успешната реализација.
