Во програмата активно учество зедоа учениците од I до IX одделение. Тие се претставија со разновидни точки, меѓу кои драмска изведба и ритмички настапи, со што покажаа креативност, талент и вложен труд. Настапите беа проследени со голем интерес и позитивни реакции од присутната публика.












