Детската недела ја завршивме со прекрасна приредба посветена на нашите првачиња, подготвена од учениците од II и V одделение под раководство на наставничката Марија Зафирова Стојчева. ![]()






Посебен и свечен момент беше заклетвата на првачињата, со која тие и официјално станаа членови на Детската организација. ![]()
![]()
Со насмевки, радост и детска искреност, им посакавме добредојде на нашите најмлади ученици, посакувајќи им среќно, безгрижно и исполнето детство, многу другарства и незаборавни училишни денови!
