Со свечена приредба и заклетва на првачињата ја заокруживме Детската недела!

Детската недела ја завршивме со прекрасна приредба посветена на нашите првачиња, подготвена од учениците од II и V одделение под раководство на наставничката Марија Зафирова Стојчева. ❤️

Посебен и свечен момент беше заклетвата на првачињата, со која тие и официјално станаа членови на Детската организација. 🇲🇰🌟

Со насмевки, радост и детска искреност, им посакавме добредојде на нашите најмлади ученици, посакувајќи им среќно, безгрижно и исполнето детство, многу другарства и незаборавни училишни денови!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *