УЧИЛИШТЕТО Е МЕСТО КАДЕ ШТО СЕКОЈДНЕВНО СЕ УЧИ, СОЗДАВА И РАСТЕ!

Затоа, грижата за уреден, функционален и современ училишен простор е важна за секој ученик и вработен. Со заедничка посветеност, чекор по чекор, продолжуваме да ги подобруваме условите во нашето училиште. 🌱

🔹 Во нашето училиште се обновени внатрешните скали, а постојната училишна опрема е дополнета со компјутери, лаптопи и училишен мебел. Овие вложувања се реализирани со сопствени средства на училиштето и со помош од Општина Свети Николе.

☀️ Во училиштето се поставени и фотонапонски системи, во рамки на инвестициите на Општина Свети Николе за енергетски ефикасни образовни установи.

🤝 Благодарни сме за поддршката и соработката што придонесуваат за подобри услови за учење и работа во нашето училиште. 📚✨

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *