ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ЗАМЕНИЦИ НА УЧЕНИЧКИТЕ ПРАВОБРАНИТЕЛИ

ООУ „ Гоце ДелчевСвети Николе објавува повик за избор на  заменици на ученичките правобранители.

Се повикуваат учениците од предметна настава да аплицираат за избор на заменици на ученик -правобранител.Ученикот -правобранител со  замениците се грижат за; 

  1. Промовирање на  правата на детето, (преку едукативни работилници,дебати ,инфо денови ), да препознава повреда на детските права во рамките на училиштето и да ги пријави сите случаи на повреда на детските права до надлежните органи во и надвор од училиштето (училиштен кадар и Народен правобранител).
  2. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО  Право на пријавување за функцијата заменик на ученичкиот правобранител имаат учениците од 7, 8 и 9 одделение.
  3.  НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ Документи за пријавување: пријава и мотивационо писмо. Заинтересираните кандидати можат да подигнат пријава од педагошко-психолошката служба во училиштето. Потребно е кандидатите да ја пополнат и да ја достават пријавата до педагошко-психолошката служба. Мотивационо писмо се доставува во слободна форма. Краен рок за поднесување на документите:28.09.2026 година
  4. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР Избор за заменици на ученички правобранител, вршат учениците од 7 до 9 одделение според следните критериуми: – пол, – возраст, – основно познавање на детските права, – мотивација за пријавувањето, – комуникациски и организациски способности, – етничка припадност, – претходно искуство, односно вклученост во воннаставните активности.
  5. ЗАДАЧИ И ОБВРСКИ на заменици на Ученички правобранител: • учество на воведна обука за улогата и обврските на ученичкиот правобранител, организирана од страна на педагошко-психолошката служба (тимот за поддршка на ученичко учество); • промовирање на правата на детето во училиштето преку едукативни – врснички работилници и информативни настани; • прибирање на претставки – поплаки од учениците (препознавање на прекршување на детските права и обезбедување заштита за почитување на детските права); • редовна комуникација и координација со педагошко-психолошката служба.
  6. Мандатот на  замениците на правобранителите е 2 (две) учебни години (доколку замениците на правобранителот е 9 одделение, неговиот мандат е една учебна година).
  7.  Лице за контакт: _Олгица Стојкова
  8.  Град: Свети Николе /Датум:18.09.2026

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *